AstraZeneca се согласи да го објави договорот за набавка на вакцини со ЕК

36

Британско – шведската фармацевтска компанија AstraZeneca се согласи да го објави договорот за набавка на вакцини, што во август го потпиша со Европската комисија (ЕК).

Комисијата ја поздрави заложбата на компанијата за поголема транспарентност во спроведување на стратегијата на ЕУ за вакцинирање.

ЕК се надева дека ќе може да ги објави договорите за набавка што досега ги потпиша со производителите на вакцини.

Објавениот договор содржи делови што се однесуваат на доверливи податоци, како детали за издадени сметки. Ова е втор договор што е објавен откако CureVac се согласи да го објави договорот за авансно купување на вакцините.

Фото: Facebook