Атина наместо Лондон – три банки планираат да го променат седиштето

34

Властите во Грција најавија дека преговараат со три банки, чие седиште е во Лондон, да се преселат во Атина, откако Велика Британија официјално на почетокот на годината ја напушти Европската унија, пренесува Greek reporter.

Според Алекс Пателис, главен економски советник на грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, Брегзит претставува шанса за Грција.

“Тоа е шанса што произлегува од Брегзит. Ние сме во напредна фаза на преговори со три банки, коишто планираат да го напуштат Лондон како нивно седиште, на почетокот на следната година“, рекол Пателис.

Тој, исто така, ги најави и плановите на грчката влада да понуди даночни олеснувања за оние кои ќе го преселат својот бизнис во Грција.

Фото: Freepik