Атлантик група преговара за преземање на српската Foodland?

83

tedeski

Емил Тедески, мнозински сопственик на хрватска Атлантик група е во самиот финиш на уште едно регионално преземање. Како што дозната Т-портал, Атлантик наскоро треба да договори купување на српската прехранбена компанија Foodland, која е во сопственост на Васо Лекиќ.

Foodland е познат произведувач на ајвар, различни производи од овошје и зеленчук, овошни намази, сокови и џемови под брендот Бакина тајна. Оваа компанија извезува 40% од производството.

Лекиќ не сакал да зборува за преговорите со Атлантик група.

“На Foodland му треба докапитализација и за тоа веќе една година преговараме со странски партнери”, вели Лекиќ за Т-портал. На прашање дали меѓу нив е и Атлантик, одговорил дека се работи за повеќе партнери.

Коментар за преговорите со Foodland нема ни од Атлантик.

Во презентацијата за инвеститори, Управата на Атлантик група во понеделникот објави дека компанијата во моментов кај финансиските институции на располагање за нови аквизиции има околу 80 милиони евра, пишува Т-портал.