Атлантик Група со остварени 152,4 милиони приход во првиот квартал

27

Фото: Atlantic

Во првиот квартал од 2018 година, Атлантик Група оствари вкупни приходи од продажба од 152,4 милиони евра, што претставува зголемување од 3,0% во однос на истиот период минатата година. Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) изнесуваше 16,2 милиони евра, што претставува зголемување за 11,3%, додека нето добивката по малцински интерес се зголеми за 17,8% на 8,2 милиони евра.

Исклучителни резултати беа постигнати на крилјата на порастот подеднакво кај дистрибутивниот бизнис и сопствените брендови, со коишто се компензираше недостатокот на приходите од услугата за производство на спортска исхрана поради продажбата на производните капацитети на белгиските Aminolabs. Ако влијанието на оваа трансакција беше исклучено, органскиот раст на приходите во првиот квартал би изнесувал дури 7,2%.

Фокус на развој на дистрибуцијата и брендовите и понатамошен раст во работењето.

“Атлантик Група одлично започна уште една деловна година. По одличната 2017 година, во којашто, и покрај предизвиците во регионот постигнавме одлични резултати, извештаите од првиот квартал потврдуваат дека и во 2018 година, ние сме на пат да ги постигнеме очекувањата. На сите главни пазари, постигнавме огромен раст на приходите, демонстрирајќи ненамален фокус на развојот на нашето сопствено портфолио и развојот на дистрибутивните операции. Важно е да се истакне дека растот на приходите е проследен со раст на профитабилноста, што укажува на тоа дека ова е здрав и одржлив раст. Понатамошно намалување на долгот, значително пониските финансиски трошоци и зголемување на ликвидноста ни овозможи да се фокусираме на уште поамбициозен план за раст во иднина“, коментира Емил Тедески, Претседател на Управата на Атлантик Група.

Одличниот прв квартал беше обележан со консолидација на дистрибутивни операции во неколку правци. Првите резултати од соработката со новите принципали, Ред Бул во Србија и групата Марс во Хрватска, ги потврдуваат заедничките развојни амбиции. Покрај тоа, внатрешната организација на целото дистрибуциско работење е реорганизирано во единствена област, додека компонентите на досегашниот стратешки дистрибуциски регион HoReCa, откако успешно ги постави темелите и развојот на каналите, е споен кон дистрибуциската организацијана поединечни пазари.

Помеѓу многуте иницијативи за развивање на сопствениот асортиман, со најголем допринос во приходите се истакнуваат резултатите од новото производство на Аргета во САД, којашто во првиот квартал во Северна Америка оствари приходи на ниво од вкупниот во 2017 година, Black’n’Easy инстант турско кафе забележа раст од дури 53% и редизајнираната Cockta со одлични резултати во каналот HoReCa.

На вкупниот раст на приходите од продажбата од Атлантик Група во 2017 година најмногу влијаеа Стратешките бизнис области: Деликатесни намази со раст од 15,9%, Кафе со раст од 14,7% и Слатко и солено со раст од 10,1%.

Кафето со 21,2% учество и 32,4 милиони евра приходи од продажба е најголемата единствена категорија во вкупните приходи. Од поединечни пазари најголем пораст е постигнат во Словенија – рекордни 15,3%, по што следува Хрватска со 11,5% раст, и Србија, којашто ја зголеми стапката на 9,4%.