Atmosphère Collar – футуристички уред што ја негува и заштитува кожата од штетни влијанија

64

Лондонското дизајнерско студио Seymourpowell креираше футуристички уред којшто со помош на вештачка интелигенција ја негува кожата и се грижи за неа.

Atmosphère Collar лични на ѓердан и се носи околу вратот, а во него се складирани козметички производи коишто одговараат на кожата од корисникот. Освен што ја негува кожата во зависност од условите, уредот ја штити и доколку регистрира штетно влијание од околината, како разни загадувачи.

Состојките за нега и заштита, како крема за сончање, се ослободуваат во форма на пареа на кожата од корисникот, пишува Dezeen. Atmosphère Collar собира информации за локацијата на тој што го носи и ги синхронизираат со лични информации како тип на кожа и потреба на телото.

Фото: Pixabay