Audi A3 и A7 Sportback – Шампиони според вредноста за 2013 година

24

Новиот Audi A3 1.4 TDI Sportback и A7 3.0 TDI се автомобили со најголема вредност во своите класи. Тие ја носат титулата “Шампион според вредноста за 2013 година”, која списанието Auto Bild ја доделува секоја година. Заедно со специјализираното списание Eurotax Schwacke за преостаната вредност ја пресметува вредноста на околу 8.000 возила на германскиот пазар со преглед на вредноста во следните четири години – што е значаен фактор при определувањето на цената на автомобилот.

При оваа пресметка се земаат во предвид голем број на податоци. Тука се успехот од продажбата, имиџот на брендот, трендови при купување на индивидуални возила и економските ограничувања.