Audi A4 пристигна во Скопје за 10-годишнината на Порше Македонија

92

Audi a4 2

Со мотото „Движењето е нашиот успех”, Порше Македонија го прослави својот 10-ти роденден. Во Телеком иновацискиот центар во Скопје, по повод 10-годишниот јубилеј, Порше Македонија го претстави возилото кое ја освојува светската автомобилска сцена, а отсега ќе може да се види и на улиците низ нашата земја.

“Помина цела деценија од основањето на нашата компанија. Можеби на почетокот не знаевме во што се впуштаме и што да очекуваме. Но, знаевме за кого дојдовме и што сакаме да постигнеме. Порше постави нови стандарди. Десет години, повеќе од 38.500 клиенти, 20.855 продадени возила, 163.800 влезови во сервис, импресивни бројки кои растат додека зборувам. Десет години Порше Македонија сигурно владее со врвот на автомобилскиот пазар во Македонија, непобеден во својата непоколебливост за своите клиенти секогаш да го носи најдоброто. Има ли подобар начин да се одбележи ваков јубилеј од тоа да се донесе нов бестселер кој стои зад истите идеали како Порше – луксуз, моќ, квалитет, дизајн и технологија“, изјави Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

“Денес славиме 10 успешни години. Наша главна цел и најпосакуван резултат се задоволните клиенти. Затоа, десетгодишниот успех го одбележуваме со најуспешниот модел на Audi, А4, кој во изминативе две децении е продаден во повеќе од 6 милиони примероци”, изјави Винко Марашевиќ, бренд менаџер на Audi.

Новата петта генерација на Audi A4 e фантастичен спој на технологија и естетика. Технологијата на најуспешниот модел на Ауди е целосно променета, со што новиот A4 повторно ги поставува стандардите во класата. Доказ за врвните перформанси на новиот Audi A4 е и наградата „Златен волан“ што ја доделуваат експертите и вљубениците во миленичињата на четири тркала, како и петте ѕвезди за безбедност кои ги доби од Euro NCAP.

Со должина од 4,726 метри и ширина од 1,842 метри, А4 е поголем од својот претходник за 25 милиметри во должина и 16 милиметри во ширина, додека пак меѓуосовинското растојание е зголемено за 12 милиметри на 2,82 метри. Новиот А4 е и покомфорен со дополнителни 23 милиметри простор на задните седишта, благодарение на поголемото меѓуосовинско растојание.

Иако новиот А4 е поголем и покомфорен од својот претходник, сепак тежината е значително намалена за цели 120 килограми. Каросеријата е една од најлесните во класата, благодарејќи на интелигентниот спој на материјалите и лесните конструкции.

Новиот А4 ќе биде достапен со 3 бензински и 4 дизел агрегати. Моќноста на моторите е подобрена за 25%, а во почетната изведба испорачува 110 kW (150 КС), додека пак во најмоќната изведба 264 kW (354 КС). И покрај зголемената моќност, новиот А4 се одликува со 21% помала потрошувачка и одлични спортски перформанси.