Audi A8 L Security – блиндирана подвижна “тврдина“

197

Audi го претстави моделот A8 L Security којшто претставува блиндирана верзија на германската лимузина која е достапна единствено во Русија.

Audi A8 L Security е блиндирана лимузина наменета за државници, политичари, но и одредени бизнисмени и VIP личности на кои им е потребен овој вид на заштита.

Автомобилот е отпорен на куршуми и ги пресретнува сите стандарди наметнати од класата VR9. Од друга страна, стаклените површини од автомобилот ги задоволуваат стандардите од класата 10. Audi A8 L Security тежи огромни 3.875 килограми. Тоа не е резултат само на дополнителната заштита, туку и поради дополнителната опрема која е вградена во автомобилот. Ова возило има противпожарен систем со прскалки во подвозјето, под хаубата, а исто така има и резервоар. Во багажникот се наоѓа блиндирана кутија која содржи електроника за независна комуникација и дополнителна батерија за напојување.

За да се добие овој модифиран A8 L по Security спецификации, во Audi им се потребни дополнителни 400 часа работа. Производството се извршува во специјален погон. Сите блиндирани возила се тестирани од експерти и се проценува отпорноста на снајпери, рачни бомби и слично. Овој Audi A8 L Security може да продолжи со возење дури и со пукната гума благодарение на системот кој му овозможува на возилото и во таа ситуација да продолжи да се движи при брзина од 80 километри на час. Оддалеченоста која може да ја помине изнесува 50 километри.

Во случај автомобилот да се заглави и вратите да не можат да се отворат на вообичаениот начин, тука е пиротехничкиот систем којшто може да се активира по што доаѓа до експлозија која ги уништува шарките меѓу вратите и каросеријата. Автомобилот има и систем за свеж воздух кој автоматски се затвора во случај на загадување на воздухот во околината. Во тој случај се пумпа свеж воздух, но во ограничен временски период.

Иако верзијата Security ја носи ознаката A8, сепак таа се напојува со 4,0-литарски битурбо V8 мотор од моделот S8. Тој мотор развива 563 КС и 800 Nm максимален вртежен момент. Од нула до “стотка“ забрзува за 6,3 секунди, а развива максимални електронски ограничени 210 километри на час.

Audi A8 L Security ќе биде ривал на следната генерација на Mercedes S Класа Guard која пристигнува следната година, а неговата цена е 740.000 долари.

Преземено од Avtoplus.mk