Германскиот производител на автомобили, Audi ќе отпушта еден на секои 10 вработени за да обезбеди финансии за производство на електрични возила.
Со овој потег компанијата очекува да добие неколку милијарди на сметка коишто се потребни да се вложат во новите возила, пишува Reuters.
Автомобилската индустрија сè повеќе се фокусира на електрификација на возилата, а една од причините е што неколку земји планираат да ги забранат автомобилите на фосилни горива.
Од Audi велат дека ќе бидат отпуштени 9.500 работници или 10,6% до крајот на 2025 година. Ова на компанијата ќе и заштеди 6,61 милијарди долари. Сепак, производителот потенцира дека ќе создаде 2.000 нови работни позиции во делот на електрична мобилност и дигитализација.
Фото: Pixabay