Audi ќе вложи 12 милијарди евра во електрификација

54

Audi планира да вложи сума од 37 милијарди евра за истражување и развој, како и инвестиции во имот, погони и опрема во следните пет години.

Членот на Volkswagen групацијата планира до 2030-та година да има повеќе од 30 електифицирани модели во својата гама, од коишто 20 целосно електрични возила.

Audi очекува до крајот на следната деценија околу 40 проценти од вкупната светска продажба на автомобили да ги сочинува целосно електричните и хибридни возила. Со цел да се достигне брзиот раст на електричните возила, Audi соработува со Porsche за развој на врвна технологија (PPE) за развој на големи електрични автомобили, а модуларниот E Drive System се развива заедно со Volkswagen.

Како дел од планот за електрификација, колатерална штета ќе бидат работниците. Audi планира да отпушти околу 9.500 работници од своите фабрики до 2025-та година, но и ќе вработи 2.000 во други области.

Со цел да ја финансира оваа висока инвестиција потребна за прераспоред на бизнис моделот, компанијата го лансираше Audi Tranfsormation Plan (ATP) пред две години. Целта на овој програм е да ослободи 15 милијарди евра во буџетот за идни инвестирања до 2022 година. ATP веќе придонесе со повеќе од 4 милијарди евра откако е лансиран.

Германскиот производител неодамна го претстави својот втор електричен модел e-Tron Sportback., заснован на постечкиот електричен Audi e-Tron. По ова, се очекува германскиот производител да влезе во премиум електричниот SUV пазар со Q4 e-Tron.

Преземено од: Avtoplus.mk