Audi со тизер го најави екстремното возило за Dakar 2022

55

Германскиот производител Audi ги сподели своите планови кога станува збор за мотоспортот, најавувајќи нов екстремен модел за релито Dakar 2022.

Audi го најави својот “иновативен прототип“ чие име уште не е обелоденето, а ќе биде наменет за учество на релито Dakar во 2022 година. Според најавите на германската компанија, овој модел ќе се одликува со електричен погон и високо волтаична батерија. Исто така, возилото е опремено со “високо ефикасен енергетски конвертер“.

Од компанијата остануваат таинствени околу спецификациите, но потврдуваат дека енергетскиот конвертер е TFSI мотор кој служи како генератор за полнење на возилото при возење. Тоа значи дека моделот претставува електрично возило со продолжена автономија.

Тизерот кој го објави Audi покажува дека овој екстремен тркач за Dakar ќе има тенки фарови и осветлена предна решетка. Забележлива се малата каросерија, како и џиновските “оф-роуд“ тркала. Можеби за некого звучи чудно што Audi ќе се натпреварува на релито Dakar, од компанијата истакнува дека станува збор за „еден од најголемите предизвици во мотоспортот“ и велат дека нивното искуство ќе биде „инкорпорирано во понатамошниот развој на идни електрифицирани продукциски модели“.

За жал, ова исто така значи и крај на учеството на Audi во Formula E. Компанијата ќе се повлече по сезоната 2021 откако го имаше „најуспешниот влез во историјата на Formula E со вкупно 43 подиуми, вклучително и 12 победи“, благодарение на Audi Sport ABT Schaeffler тимот.

Кога веќе станува збор за мотоспортот, директорот на Audi Sport Џулиус Сибах истакна дека тие интензивно се подготвуваат за да влезат во новата спортска прототип категорија LMDh, како и трките на 24 часа Дејтона и 24 часа Ле Ман.

Преземено од Avtoplus.mk