Aufero – уред што го прочистува воздухот во затворен простор и надвор од него

24

aufero

Aufero е изум на холандската компанија ENS Technology, којшто е ефикасен и енергетски ефикасен прочистувач на воздух. Негова задача е елиминирање на штетните гасови од подземните гаражи, но различен е по тоа што не само што го прочистува воздухот во затворениот простор, туку и надвор.

Вообичаено, затворените гаражи се опремени со вентилација за освежување на воздухот и отстранување на штетните честички од издувните гасови. Затоа, Aufero го добива епитетот “бели дробови“ на градот.

Идејата на тимот од ENS Technology е затворените паркиралишта и големите јавни згради да функционираат како јонизатори на воздухот, со што ќе придонесат за намалување на загадувањето.

Aufero, не само во затворен, може да се користи и на отворен простор и има капацитет за половина да ја намали емисијата на штетни гасови во урбаните средини.