AutoCG – црногорска мобилна апликација за возачи

21

crnogorska-aplikacija

Александар Драшковиќ и Милош Лалатовиќ од Црна Гора создадоа апликација којашто на возачите на едно место ќе им ги понуди сите релевантни информации што се неопходни пред да тргнат на патување, пишува Digitalizuj.me.

За состојба на патиштата, корисниците на оваа апликација добиваат информации за генералните услови за возење и каде има работа на пат. Апликацијата има список на сите делниците каде што е неопходно поседување на зимска опрема. Исто така, корисниците на AutoCG може да пријават дали има метеж, одрон на пат или сообраќајна несреќа и тие информации да бидат достапни за сите кои ја користат оваа апликација. Позадината на главниот екран се менува во зависност од временските услови во земјата.

crnogorska-aplikacija-1

Во модулот пумпи и гориво има информации за цените на горивата, што се ажурираат на секои 15 дена. Корисниците може да ги пребаруваат најблиските бензински пумпи. AutoCG нуди и информации за цените на патарините и траектите во земјата.

Апликацијата дава можност нејзините корисници да знаат каде има радарски контроли на патиштата. Кога корисникот ќе помине покрај патрола, може да го притисне копчето Плус или Пријави и автоматски ја испраќа својата локација, којашто во овој случај е локација на патролата.

AutoCG нуди и именик на сите регистрирани компании коишто нудат помош на пат, а преку апликацијата може да ја повикаат службата доколку имаат потреба од нивна услуга.