Аутомакедонија во првите три месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.218.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во периодот јануари – март лани, добивката на компанијата беше на ниво од 2.029.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, достигнаа ниво од 101.766.000 денари, додека истиот период лани беа 129.815.000 денари.
“Намалување на приходите од продажба за 23% (во најголем дел произлегува од намалена продажба на возила посебно во делот на флотни продажби во 03.2020 година поради новонастаната состојба) и намалена оперативна активност и финансиски приходи на сите поврзани друштва, при што во втората половина на март, компанијата во Групацијата, СИЦ АМ Битола не беше во функција со уредба на влада и владини мерки поради карактеристиката / шифра на обавување дејност – сообраќаен испитен центар што директно влијаеше на намалување на приходите“, стои во Образложението на финансиските извештаи.
Фото: Freepik