Аутомакедонија првиот квартал го заврши со добивка од 1,2 милиони денари

41

Аутомакедонија во првите три месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.218.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – март лани, добивката на компанијата беше на ниво од 2.029.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, достигнаа ниво од 101.766.000 денари, додека истиот период лани беа 129.815.000 денари.

“Намалување на приходите од продажба за 23% (во најголем дел произлегува од намалена продажба на возила посебно во делот на флотни продажби во 03.2020 година поради новонастаната состојба) и намалена оперативна активност и финансиски приходи на сите поврзани друштва, при што во втората половина на март, компанијата во Групацијата, СИЦ АМ Битола не беше во функција со уредба на влада и владини мерки поради карактеристиката /  шифра на обавување дејност – сообраќаен испитен центар што директно влијаеше на намалување на приходите“, стои во Образложението на финансиските извештаи.

Фото: Freepik