Аутомакедонија за три месеци прокнижи добивка од над четири милиони денари

40

automakedonija

Аутомакедонија во првите три месеци од оваа година евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.070.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првиот квартал од 2016 година, компанијата прикажа добивка од 3.754.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – март оваа година, изнесуваа 76.535.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 81.587.000 денари.

Основна дејност на Аутомакедонија е трговија на мало со делови и прибор за моторни возила.