Авио гигант продава уметнички дела за да ја преброди кризата

38

Авиокомпанијата British Airways продава некои предмети од својата уметничка колекција вредна повеќе милиони фунти за да собере пари за опоравување по кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Колекцијата опфаќа и дела од сликарите Бриџит Рајли, Дамиен Хирст и Питер Дојг, а се проценува дека има дела вредни повеќе од милион фунти.

Како што пренесува BBC, се претпоставува дека најмалку 10 уметнички дела ќе бидат ставени на продажба. Делата ќе бидат изложени на аукција во аукциската куќа Sotheby’s.

Поради прекин на авиосообраќајот, British Airways бележи големи финансиски проблеми. Директорот Алекс Круз минатата недела предупреди дека опстанокот на авиокомпанијата е загрозен и мора да се преземе значително реструктуирање.

Фото: Facebook