Авиоиндустријата “соголена“ за над 56 милијарди евра во 2020 година

63

Пандемијата што ја предизвика Ковид-19 силно го погоди авиосообраќајот во 2020 година, па авиокомпаниите, аеродромите и контролата на летање во Европа има нето загуба од 56,2 милијарди евра, а регистрирани се 1,7 милијарди помалку патници одошто во 2019 година, објави Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај (Eurocontrol).

Се очекува европскиот авиосообраќај во текот на оваа година да закрепне на околу 51% од нивото во 2019 година, а побрзо закрепнување се очекува од ова лето.

Минатата година е завршена со пад од 55% од нивото на авиосообраќај во 2019 година. Вкупно се реализирани пет милиони летови, во споредба со 11,1 милион летови во 2019 година.

Можни се неуспеси и оваа година и се укажува на потребата од финансиска поддршка за целата авиоиндустрија.

Минатата година, 51% од воздухопловите во Европа се приземјени, а најавени се околу 191.000 откази во тој сектор само на Стариот континент.

Фото: Freepik