Авиокомпанија на вработените им дели 1,6 милијарди долари како награда

105

Авиокомпанијата Delta Air Lines успешно ја заврши минатата година. Па, наместо само да им се заблагодари на своите вработени за постигнатите резултати, компанијата ќе им исплати 1,6 милијарди долари преку таканаречен profit – sharing бонуси, пишува CNN.

Тоа значи дека секој вработен ќе добие чек во висина од 16,6% од неговата годишна плата, што е еднакво на две дополнителни плати.

“Delta не би била ништо без нашите 90.000 вработени. Тие ги заслужуваат сите комплименти“, изјави Ед Бастиан, директор на компанијата.

Овој profit – sharing бонус, како што се наведува, ќе биде само една од финансиските награди што вработените на Delta ќе ги добијат за добрите резултати.

И вработените со скратено работно време или оние кои хонорарно работат во Delta, без оглед на тоа дали се членови во синдикатот или не, ќе добијат награда. Единствено, планот за поделба на наградите ги исклучува службениците, директорите и генералните менаџери иако тие на крајот на годината ќе ги добијат редовните бонуси врз основа на нивниот учинок.

Фото: Facebook