Aвиокомпанија во Европа воведе седишта „само за возрасни“ со доплата

Воведувањето на таканаречените „тивки“ зони на летовите има за цел да им овозможи на деловните патници да работат непречено, имајќи предвид дека деловните патувања се во пораст. Засега само една авиокомпанија го нуди, се разбира, со одредена компензација

Corendon Airlines воведува зони без деца на одредени летови како нова услуга која ќе биде готова за неколку месеци. Оваа турска авиокомпанија веќе започнува со услуга „само за возрасни“ на почетокот на ноември, главно на долги летови, каде децата стануваат нервозни и раздразливи.

Ако некогаш сте патувале во авион со мали деца во кабината, веројатно сте ја зголемиле музиката на телефонот до максимум за да не ги слушате плачот и звуците преку слушалките. Токму затоа Corendon Airlines на своите летови меѓу Амстердам и Курасао воведува „тивки зони“, односно простор во кабината без деца со дополнителен надомест. Услугата, која официјално ќе започне на 3 ноември, ќе биде резервирана само за патниците над 16 годишна возраст.

Зоната „Само возрасни“ е наменета за патници кои патуваат без деца или луѓе кои само сакаат мирен лет без бучава. Основачот на Corendon, Атилај Услу изјави дека оваа нова услуга овозможува растојание меѓу патниците. На овој начин тие истовремено сакаат да им помогнат на родителите, чии деца би можеле да им пречат на другите патници.

Патниците кои ќе се качат на летот можат да резервираат место од само 48 долари во зоната само за возрасни, која ќе се наоѓа на предниот дел на авионот и ќе биде одвоена од остатокот од кабината со ѕид. Тоа е првата европска авиокомпанија која го конвертира просторот во кабината исклучиво за возрасни.