Авиокомпанија за медицински лица и нивни сопатници нуди 40% попуст

53

Турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines нуди 40% попуст за здравствените работници од целиот свет, кои несебично работат во борбата против пандемијата на Ковид-19, јави агенцијата Анадолија.

Секој здравствен работник и три лица што патуваат со него ќе можат да купат билети со овој попуст преку интернет страницата на Turkish Airlines или преку мобилната апликација во рамкитна новата кампања, која важи за сите летови и сите видови билети.

“Патниците кои се пријавиле во рамки на кампањата ќе имаат можност да ги користат услугите со попуст од 40% во периодот од осми јуни 2020 година до 31-ви мај 2021 година, доколку билетите бидат купени во периодот од осми јуни до први август“, соопшти компанијата.

Фото: Pixabay