Авиопревозникот Emirates ќе може да се гледа со Google Street View

63

EmiratesA380

Заливскиот авиопревозник Emirates од Дубаи во партнерство со Google воведува една новина во летањето. Имено, компанијата ќе го лансира првиот Street View за својот двокатен A380, најголемиот комерцијален авион во светот.

Emirates-Airbus-A380-bar

Street View  е всушност технологија вклучена во Google apps и Google Earth која обезбедува панорамски поглед  од различни места на многу улици ширум светот.

Emirates-A380-Entertainment-600x400

“Корисниците ќе можат онлајн да ги разгледаат луксузните приватни апартмани на Emirates A380, пространата бизнис класа кабина, местата за одмор, спа тушевите, и уште повеќе благодарение на Street View”, велат од авиопревозникот.

First Class Private Suites_media_545x320_12_tcm233-354372

A380 кој има распон на крилјата од 79.8 метри, е познат како авион со најмала потрошувачка во својата класа трошејќи 20% помалку гориво од неговиот најблизок конкурент.  Може да превезува 517 патници и да прелета 15,000km во еден лет.

EK016