Avon ги спои врвната убавина и мода на едно место

19

Негуваната жена, што секојдневно ја слави естетиката и има почит за префинетите форми на убавината, беше главната инспирација за впечатливиот настан „Убавина со потпис“, кој на едно место ги спои компанијата Avon со нашите врвни имиња од светот на модата и стилот, Антонија Ристовска, Росица Мршиќ и Васка Леонтиќ.

Тие заедно, во еден елегантен сетинг во ресторанот Скај на хотелот Stone Bridge, на оригинален начин ги допреа сите страни на убавината, и тоа онаа оригиналната, префинета, негувана и автентична.

Концептот „Убавина со потпис“ е одраз на долгогодишната практика на Avon во светски рамки, а од неодамна тоа е и главниот фокус во работењето на Avon Македонија. Концептот се темели на соработката на Avon со врвни имиња кои работат во доменот на убавината и модата, кои својот авторитет и долгогодишно искуство го преточуваат како лична препорака за потрошувачите на Avon.

Почнувајќи од крајот на изминатата година и успешните македонски дами застанаа со својот потпис зад палетата на Avon, станувајќи модни советници на оваа компанија.

„Преку професионалните препораки за широкото портфолио производи на Avon, сакавме креативноста и експертизата на веќе докажани авторитети да ја доближиме до големиот број крајни корисници на производите и на нашиот пазар. На овој начин се стремиме да ја следиме глобалната стратегија на компанијата и да одговориме на барањата на нашите клиенти“, вели Бисера Банова, специјалист за односи за јавност во Avon Македонија.

Првата ваква соработка беше со познатата модна дизајнерка Антонија Ристовска, која од октомври 2013 година ексклузивно се појавува како „моден советник за убавина“ во брошурите на оваа козметичка компанија. Меѓутоа, како што вели Ристовска, партнерството доведе до развивање на соработката на едно многу подлабоко ниво и создавање на цела една колекција наречена „Инстинкт“, инспирирана токму од етеричната убавина на истоимениот парфем на Avon. Со оваа модна линија која Антонија Ристовска ја претстави на Модната недела 2013 година, таа ја нагласува женственоста и страста која доаѓа однатре, во оној добро познат стил на умерената елеганција и ја изразува својата инспирација преку спојот на внатрешната и надворешната убавина на жената и преку формата и суштината на парфемот.

Следното вакво партнерство започна на почетокот на 2014 година, кога компанијата  потпиша договор и со популарната модна дизајнерка Росица Мршиќ, сакајќи своето портфолио модни додатоци да го доближи и до помладата генерација потрошувачи. Следејќи го успешниот пример од последната соработка, компанијата Avon Македонија и модната дизајнерка имаа заедничко претставување на овогодинешното издание на Модната недела Скопје со последната колекција пролет – лето 2014, која Росица Мршиќ ја посвети на конструктивизмот и авангардниот правец во архитектурата, а потоа ја обои со инспирацијата што ѝ ја донесоа возбудливите пролетни палети на бои и контрасти на колекцијата Avon Color.

Од април годинава, со цел да обезбеди врвна услуга и за потрошувачите на декоративната козметика на Avon, компанијата почна да ги користи професионалните совети на докажаниот македонски стилист Васка Леонтиќ. Таа во моментов е актуелниот советник за убавина за линиите шминка Avon Color и Luxe, а според зборовите на Леонтиќ, таа и компанијата Avon и во иднина ќе продолжат многуте новитети да ги прават сè подостапни за јавноста и љубителите на убавината и негата. Под потписот „професионален стилист и експерт за шминка на Avon “, препораките на Леонтиќ на полето на иновацијата и страста за убавото, може да се најдат на страниците на брошурите на Avon Македонија.