AVPS – систем за безжично полнење и автоматско паркирање на електрични автомобили

34

Фото: Youtube

Kia motors corporation и Hyundai motor company претставија концепт на безжично полнење и потполно автоматско паркирање (AVPS – automated valet parking system), пишува The star.

Овој систем се очекува на возачите да им го олесни паркирањето и полнењето на електричните возила. По наредбата за полнење на возилото, што се дава преку апликација од паметен уред, возилото автоматски ќе застане до слободно место за полнење. Кога батеријата на возилото е полна, тоа самостојно ќе се врати на своето паркинг место со помош на системот AVPS. Штом возачот го повика својот автомобил, тоа автоматски ќе дојде до неговата локација.

Целиот процес се базира на постојана комуникација меѓу електричното возило, паркинг просторот, системот за полнење и возачот. Паркингот испраќа локација на празни места за паркирање и полнење, додека системот за полнење ја ажурира состојбата на батеријата на возилото во реално време.

Комерцијалната употреба на оваа технологија се очекува за 2025 година.