Австралија: Архитекти ќе даваат бесплатни проекти за оние чии домови се уништени од пожарите

47

Околу 100 архитектонски студија во Австралија формираа заедничка организација под името Architect Assist, којашто ќе овозможи бесплатно проектирање на нови домови на лицата кои ги загубија во пожарите, пишува Dezeen.

Членовите во организацијата бесплатно ќе проектираат и ќе изработат планови за нови домови на сите оние жители на кои пожарите во Австралија им ги уништија домовите.

“Некои подрачја имаат малку архитекти, додека други се пренатрупани па во исто време се поклопуваат или влегуваа во конфликт. Се чини дека заедничката услуга и координирана платформа е природен исход“, вели Џири Лев, архитект и иницијатор за основање на организацијата.

Луѓето ќе добијат бесплатни нацрти за нови објекти и ќе добијат помош полесно да го надоместат тоа што им беше уништено во пожарите.

Пожарите не се новост во Австралија, особено во текот на летните месеци, но нивната масовност сега се препишува и на климатските промени на глобално ниво.

Фото: Pexels