Австралија го поттикнува домашното производство на вакцини

18

Властите во Австралија објавија дека ќе одвојат над 726 милиони долари со цел да го поддржат планот на домашната биомедицинска компанија CSL за изградба на фабрика за вакцини и серуми за змиски отров.

Подружницата за вакцини на CLS, Swquirus ќе вложи во изградба на фабриката во Мелбурн, а власта ќе гарантира откуп на вакцини во период од 10 години од отворање на фабриката.

Постројката би требало да почне со работа во 2026 година, кога истекнува важечкиот договор со CLS за купување вакцини.

“Ќе имаме домашна фабрика за вакцини и долгорочни договори за набавка на вакцини против грип и серум“, вели австралискиот министер за здравство, Грег Ханг.

Фото: Freepik