Австралија нема да прима странски туристи до 2022 година

53

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека границите за странските туристи ќе бидат отворени дури од следната година.

Во интервју за австралискиот Канал 7, Морисон зборуваше за приоритетите и отворањето на границите кои беа затворени од март 2020 година.

“Ако сте биле вакцинирани двапати во странство и престојувате во Австралија, ако сте австралиски државјанин и ако сте член на семејството, можете да патувате“, рече Морисон.

Странските туристи во овој период, не се на листата на приоритети, и најави дека тие ќе можат да влезат во Австралија од 2022 година.

Како што рече, следниот приоритет се оние што доаѓаат во Австралија за образование.

Во Австралија се очекува процентот на целосно вакцинирани да достигне 80 проценти до крајот на октомври.