Австралија пушта во оптек банкнота од пет долари за лица со оштетен вид

28

5 dolari avstralijaНационалната банка на Австралија пушта во оптек банкнота од пет долари, којашто ќе може да ја користат лицата со оштетен вид, пишува британски Independent.

На банкнотата од пет долари ќе има нерамнини на рабовите што лицата со оштетен вид лесно ќе ги почувствуваат.

Издавањето на оваа банкнота следи по петицијата на Ели Ланкастер, мајка на 12-годишно дете со оштетен вид. Околу 360.000 лица со оштетен вид во Австралија ќе можат лесно да ја препознаат оваа банкнота, којашто има и дополнителна заштита од фалсификување.