Австрија би можела да ја произведува руската или кинеската вакцина

26

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц рече дека е отворен за производство на кинеска или руска вакцина во неговата земја доколку тоа го одобри Европската унија, пренесува France Press.

Курц смета дека Европската агенција за лекови би требало да ги провери руската и кинеската вакцина, но вели дека би бил спремен да се вакцинира со некоја од нив.

Австрискиот канцелар истакна дека откако двете вакцини ќе добијат одобрение, со сигурност ќе се обиде да ги стави на располагање капацитетите за производство на двете вакцини во Австрија.

“Станува збор за потребата што е можно побрзо да се стават на располагање повеќе безбедни вакцини, независно од тоа кој ги произвел“, вели Курц.

Според него, најважно е вакцините на делуваат, да се безбедни и брзо расположливи, а не треба да се работи за геополитички борби.

Фото: Freepik