Австрија, Германија, Бугарија и Унгарија се против ембарго за руски гас

27

Австрија, Германија, Бугарија и Унгарија се против ембарго за руски гас, изјави за CNN австрискиот канцелар Нехамер.

Запирањето на рускиот гас во моментов не е можно, а Европската Унија мора да размисли за санкции кои повеќе ќе ѝ наштетат на Русија, отколку на Европската Унија.

„Австрија не е сама со овој аргумент против ембаргото за гас“, рече тој, наведувајќи ги германските и унгарските позиции. „Од друга страна, Австрија ги поддржува другите земји-членки на ЕУ во санкциите против Руската Федерација но, санкциите мора да ѝ нанесат поголема штета на Русија отколку на Европската Унија“, потенцираше Нехамер.