Австрија очекува дефицит во буџетот од 21 милијарда евра

42

Австриската влада проценува дека буџетскиот дефицит за следната година ќе изнесува околу 21 милијарда евра.

Главната причина за високиот дефицит е кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, бидејќи владата мораше да вложи голема сума пари во мерки за спас на економијата.

Поради растот на бројот на невработени, владата одвои повеќе пари за пазарот на трудот, а во таа област во буџетот беа внесени 2,8 милијарди евра повеќе од планираното.

Од друга страна, приходите се намалуваат, што е исто така последица на вирусот корона. Така, намалувањето на данокот на додадена вредност за рестораните се продолжува до крајот на следната година, што ја чини државата 1,5 милијарди евра.

Фото: Pixabay