Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

156
Со цел сузбивање на пандемијата на коронавирусот, Австрија го прошири списокот на земји за кои важи забраната за слетување на австриските аеродроми на сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.

Новиот указ на тамошното Министерство за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји.

Од четврток авионите од сите земји на Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетаат на австриските аеродроми.

Претходно, веќе беше на сила забраната за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат откажани летовите до и од Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Скопје, Софија, Тирана и Варна.

Според декретот, постојат исклучоци, но ова вклучува само “летови во интерес на Австрија“, како и слетување на карго авиони, авиони што ги превезуваат болните или ги враќаат австриските граѓани, транспортот на медицински персонал, медицински сестри и земјоделски работници.

Фото: Pixabay