Австријците имаат поголема куповна моќ од Германците

67

Куповната моќ на Австријците во моментов изнесува 24.232 евра по глава на жител годишно, што е нешто повисока од куповната моќ во Германија, но далеку зад Швајцарија.

Според студијата за куповната моќ на  Институтот Gfk, во Германија куповната моќ во моментов е 23.637 евра по глава на жител годишно, додека во Швајцарија е далеку поголема – 40.739 евра.

Куповната моќ се мери според расположливиот нето приход на жителите, вклучително и државна помош, како што се надоместоци за невработеност, или додаток за деца, или пензии, а од друга страна се трошоци за сместување, за забава.

Фото: Pixabay