Австриски ОMV ги продаде бензинските пумпи во Германија

101

Австриската компанија за нафта и гас ОМV ги продаде своите бензински пумпи во Германија на Групацијата ЕG за 485 милиони евра, соопшти компанијата.
Договорот опфаќа продажба на 285 бензински пумпи во јужна Германија.

ОМV соопшти дека ќе продолжи да ги фокусира преостанатите активности во Германија на високо интегрирани петрохемиски производи, објави Анадолија.

Планираат да постигнат нула емисии

Компанијата планира да стане водечки снабдувач на иновативни и одржливи горива, хемикалии и материјали.

Со префрлување на бизнис со ниска потрошувачка на јаглерод, OMV планира да постигне нула емисии најдоцна до 2050 година.