Автомобилите се најголем извозен адут на земјата на изгрејсонцето

33

Минатата година Јапонија од извоз на автомобили инкасираше 97,9 милијарди долари или 1,1% помалку во споредба со 2018 година.

Со овој износ, автомобилите се најголемиот извозен адут на Јапонија. Инаку, вкупниот извоз на производи и услуги на земјата лани достигна вредност од 705,7 милијарди долари што е намалување од 4,4% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Извозот на делови и додатоци за автомобили, минатата година во Јапонија достигна ниво од 32,6 милијарди долари, додека трет најизвезуван производ од оваа земја се интегрирани кола со 27,8 милијарди долари.

Извозот на Јапонија претставува 12,3% од вредноста на бруто домашниот производ за 2019 година, којшто изнесуваше 5,7 трилиони (илјади милијарди) долари.

Меѓу најголемите компании во Јапонија сеа: Toyota Motors (автомобилски гигант), Japan Tobacco (тутунска индустрија), Denso (производител на автомобилски делови), Canon (производи за бизниси) и Takeda Pharmaceutical (фармацевтска компанија).

Фото: Freepik