
Во земјите од Европската Унија, во март се регистрирани 1.158.316 нови патнички автомобили, што е за 12,5 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година и највисока бројка во последните шест години, објави денес Здружението на европски производители на автомобили (ACEA).
Над 1,1 милион нови автомобили – Европската авто-индустрија бележи неверојатен скок во март
Ова е големо забрзување во споредба со февруари, кога беше забележан значително поскромен раст на регистрациите од 1,4 проценти на годишно ниво.
Сите поголеми европски пазари забележаа зголемување на регистрациите во март, поттикнато од даночни олеснувања и субвенции, со скок од 16 проценти во Германија, 12,9 проценти во Франција, 11,7 проценти во Шпанија и 7,6 проценти во Италија.











