Само два месеци по лансирањето, Toyota објави дека повлекува 2.700 електрични автомобили bZ4X бидејќи тркалата може да им испаднат додека возат. Имено, се покажа дека и по мал број километри, шрафовите на тркалата може да се олабават до точка каде што би можеле да се одвојат додека возите.
Секако, не е потребно да се нагласи опасноста од ваков проблем, а по повлекувањето на речиси сите досега произведени модели, Toyota покрена истрага. Покрај Toyota, која е најголемиот производител на автомобили во светот, повлекување на автомобилот најави и Субару, компанија во која Toyota има 20 отсто удел.
Повлечени се околу 2.600 единици на Subaru Solterra, нивниот прв електричен автомобил развиен во соработка со Toyota и со чиј модел bZ4X ги дели повеќето компоненти.
Фото: Pixabay