Автомобилскиот гигант Geely претстави електричен полу-камион

38

Кинескиот автомобилски гигант Geely го претстави новиот електричен полу-камион, наречен Hometruck, кој влегува во трка со други производители на автомобили кои се обидуваат да воведат нови технологии на пазарот на комерцијални возила.

Единицата за комерцијални возила на Geely, Farizon Auto, планира да го лансира Hometruck на пазарот во 2024 година, таргетирајќи ги и меѓународните пазари, објави извршниот директор на тој оддел Мајк Фан во интервју за CNBC.

„Овој производ е дизајниран и развиен со фокус на глобалниот пазар“, рече Фан, додавајќи дека компанијата има намера новото возило да го лансира во Европа, Кореја, Јапонија и Северна Америка.

Hometruck ќе има различни опции за напојување – хибриден погон со батерии на метанол и чист електричен погон. Внатрешноста на возилото вклучува туш и тоалет, единечен кревет, фрижидер, кујна и мала машина за перење, соопшти компанијата. Hometruck е направен со визија за целосно автономно возење, а Мајк Фан вели дека со нетрпение чека да го реализира во три фази. До 2023 година, компанијата се надева дека ќе има делумни функции без возач, а до 2026 година планира да воведе понапредни системи, додека целосно автономно возење треба да се постигне до 2030 година.