Азиски берзи: Скок на индексите, најголем пад на доларот во последните пет месеци

81

Азиските акции пораснаа во четвртокот, следејќи го подемот на Волстрит, откако податоците за забавувањето на инфлацијата во САД ги поттикнаа надежите на инвеститорите дека ФЕД може да биде помалку агресивен во зголемувањето на каматните стапки, додека доларот падна од истата причина најмногу во последните пет месеци.

Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 1 отсто до 6:30 часот, поттикнат од растот на австралиските 1,2 отсто, јужнокорејските 1,4 отсто и Хонгконгшките за 1,2 отсто. Токиската берза денеска не работи поради празник во Јапонија.

Доброто расположение на азиските берзи е резултат на објавувањето на податоците за забавување на растот на американската инфлација од јунските рекордни 9,1 отсто на 8,5 отсто во јули, што е исто така нешто под очекувањата.

Тие податоци ги поттикнаа надежите на берзанските инвеститори дека инфлацијата го достигнала врвот во јуни и дека нејзиното забавување би можело да го поттикне ФЕД да ја заостри монетарната политика помалку агресивно во иднина.