
Цените на акциите пораснаа на повеќето азиски берзи во понеделник, но тргувањето е претпазливо бидејќи кризата на Блискиот Исток не се смирува и бидејќи растот на јапонската економија е забавен.
Индексот MSCI на акциите во Азиско-пацифичкиот регион порасна за 0,4 проценти во 7:00 часот наутро, продолжувајќи го позитивниот тренд од минатата недела.
Во исто време, цените на акциите во Јапонија, Шангај, Хонг Конг и Јужна Кореја се зголемија помеѓу 0,2 и 2,4 проценти, додека во Австралија и Индија паднаа помеѓу 0,4 и 0,5 проценти.
Во фокусот на инвеститорите утрово е извештајот за бруто домашниот производ (БДП) на Јапонија, кој во вториот квартал порасна за 0,3 проценти месечно и 1,1 процент годишно.
Ова е послабо од очекувањата на аналитичарите, кои проценија дека економијата пораснала за 2 проценти годишно, по растот од 2,1 процент во претходниот квартал.
Инвеститорите се исто така претпазливи бидејќи нема напредок во мировните преговори меѓу САД и Иран, па кризата на Блискиот Исток продолжува.
Поради ова, Ормутскиот теснец, главната рута за извоз на нафта од Блискиот Исток, е практично затворен, што би можело да предизвика понатамошен пораст на цените на нафтата.











