Baby Shark – најгледано видео на YouTube на сите времиња

33

Baby Shark е детска песничка, што ја преработи јужнокорејската компанија Pinkfong и е најгледано видео на YouTube на сите времиња, пренесува ВВС.

Ова видео досега има над седум милијарди прегледи, со што го надмина поп хитот Despacito на латино пејачот Луис Фонси.

Доколку се слуша без престан, според бројот на прегледи, Baby Shark се стримува 30.187 години.

Компанијата Pinkfong од прегледите на нивниот детски хит на YouTube успеале да заработат 5,2 милиони долари. Никој не ни претпоставил дека хитот што го отпеала 10-годишната корејско – американска пејачка, Хоуп Сигоин и е ставено видео на YouTube во 2016-та година, четири години подоцна ќе стане најпрегледуваното видео на сите времиња.

Се верува дека почетоците на Baby Shark датираат од 70-тите години на минатиот век во летните кампови низ Америка. Една теорија вели дека песничката е измислена во 1975 година, кога филмот Jaws на Стивен Спилберг стана вистински хит во кино салите.