Бафет донираше четири милијарди долари

74

Ворен Бафет познат американски инвеститор и петти најбогат човек на светот, донирал околу четири милијарди долари на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и уште четири добротворни организации што ги водат децата на Бафет, пишува Ројтерс.

Од 2006 година, 91-годишниот Бафет донирал повеќе од половина од своите акции, а донациите се во вредност од околу 45,5 милијарди долари. И покрај донациите, Бафет сè уште поседува околу 16 отсто од Беркшир Хатавеј и контролира околу една третина од нејзината гласачка моќ.

Бафет и Бил Гејтс во 2010 година формираа The Giving Pledge или таканаречен завет за давање. Станува збор за иницијатива чија цел е да ги поттикне милијардерите низ светот да донираат дел од своето богатство во филантропски цели.