Бафет ги продаде сите акции во американските авиокомпании

81

Американскиот милијардер и инвеститор, Ворен Бафет соопшти дека неговата компанија Berkshire Hathaway ги продала сите свои акции во четирите најголеми американски авиокомпании.

Обраќајќи се на годишниот состанок на компанијата, Бафет рече дека “светот се смени“ поради коронавирусот и дека згрешил што инвестирал во авионската индустрија, пренесува BBC.

Бафет се обрати неколку часа откако Berkshire Hathaway објави рекордна загуба од 50 милијарди долари во првото тромесечје, пренесува Reuters.

Конгломератот имаше учество од 11% акции во Delta Air Lines, 10 % во American Airlines, 10% of Southwest Airlines, i 9% of United Airlines, покажуваат податоците од годишниот извештај на компанијата.

Berkshire Hathaway почна да инвестира во овие четири авиокомпании во 2016 година, откако со години избегнуваше да вложува во авионската индустрија.

Фото:Pixabay