Бафет инвестираше седум милијарди долари во компании кои пред 20 години ги сметаше за лоши инвестиции

235

Пред 22 години познатиот инвеститор Ворен Бафет јапонските акции ги отфрлаше како инфериорни инвестиции, а сега неговиот познат конгломерат Berkshire Hathaway зема 5% сопственички удел во 5-те најголеми компании од оваа земја,  кои се занимаваат со трговија.

Тoa се компаниите Itochu, Marubeni, Mitsubishi, Mitsui и Sumitomo. Славниот инвеститор инвестираше околу седум милијарди долари во трговија, што значи значителна промена во неговиот некогаш закоравен став.

Исто така, Бафет, кој наполни 90 години на 30 август, никогаш порано не веруваше во злато, но започна да се предомислува за време на коронакризата.

Економистите велат дека промената на ставот не е толку необична, бидејќи Јапонија значително се промени од 1998 година.

Бафет продаде многу акции во текот на 2020 година. Но, покрај хаосот и неизвесноста на пандемијата на коронавирус, тој исто така направи три големи купувања во кои тој и неговиот тим инвестираа помеѓу 563 милиони и 6,8 милијарди долари во Bank of America, Barrick Gold и Berkshire Hathaway.

Фото: Facebook