Бафет на “шопинг“ во Јапонија

52

Компанијата Berkshire Hathaway, на милијардерот Ворен Бафет, купи над 5% од уделите во пет големи јапонски компании, пренесува Seebiz.

Станува збор за: Itochu Corp., Marubeni Corp., Mitsubishi Corp., Mitsui & Co. и Sumitomo Copr. Од компанијата на Бефет потврдуваат дека се стекнати удели во овие компании во тек од една година преку редовно тргување на берзата во Токио. Според цените на акциите на крајот на минатата трговска недела, уделот од 5% од секоја од компаниите би можеле да се проценат на околу 6,25 милијарди долари.

Овие компании се препознатливи по тоа што немаат сопствени ресурси, туку увезуваат сè што им е потребно, од енергија и метали до храна и текстил, а исто така им нудат услуги и на производителите.

Инвеститорот Бафет планира да ги задржи компаниите од овој вид во своето портфолио до 9,9% од вкупниот капитал на секоја од нив.

Фото: Freepik