Бајден: Ако не се размрдаме, Кина ќе ни го “изеде ручекот“

29

Американскиот претседател Џо Бајден предупредува дека Кина е далеку пред САД кога станува збор за инфраструктура, пренесува CNBC.

“Инвестираат многу пари, вложуваат милијарди долари и се занимаваат со најразлични прашања што се однесуваат на транспорт, околина и голем број други детали. Веќе имаат големи инвестиции во железници, имаат супер брзи возови што надминуваа 360 километри на час. Ако не се размрдаме, тие ќе ни го изедат ручекот“, рекол Бајден.

Тој имал неколкучасовен телефонски разговор со кинескиот колега Кси Џинпинг.

Ова следи по големата напнатост што владее меѓу двете најголеми светски економии, што ескалираше во време на администрацијата на Доналд Трамп.

Фото: Facebook