Бајден ги критикуваше антиваксерите, најави нови мерки против Ковид-19

33

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот ги критикуваше Американците кои се противат на вакцинацијата, најавувајќи нови мерки кои вклучуваат задолжителна вакцинација за повеќето федерални вработени, и вакцинација или редовно тестирање за сите вработени во компании со повеќе од 100 вработени.

Новите мерки, објавени од Бајден во говорот во Белата куќа, ќе влијаат на околу две третини од сите вработени во САД.

“Бевме трпеливи. Но, нашето трпение е при крај, а вашето одбивање да се вакцинирате не чинеше многу, нас останатите “, рече Бајден, обраќајќи им се на милиони Американци кои одбиваат да вакцинираат.

Ескалацијата на епидемијата не е само закана за САД, туку и за популарноста на Бајден, кој вети дека ќе го стави вирусот под контрола.

И покрај кампањата за вакцинација спроведена од администрацијата на Бајден, нешто повеќе од 53 проценти од Американците се целосно вакцинирани. Според планот на Бајден, новите мерки би влијаеле на околу 100 милиони вработени, што е околу две третини од вкупниот број вработени во САД.