Бајден ќе го менува возниот парк со електрични возила произведени во САД

35

Американскиот претседател, Џо Бајден потпиша извршна уредба со којашто воведува построги правила на владината политика – купувај американско и најави замена на државниот возен парк со електрични возила произведени во САД.

Бајден вети дека ќе замени околу 650.000 возила во сопственост на владата со возила на електричен погон произведени во САД.

“Ќе ги искористиме парите од даночните обврзници за обнова на Америка. Ќе купуваме американски производи и ќе ги поддржиме американските работни места“, рекол Бајден.

Новите правила ќе ги опфатат сите набавки на владите во САД, а било која сојузна агенција којашто планира да купи странски производи ќе мора да побара посебно одобрение од Белата куќа и јавно да го објави. Таквите одобренија ќе може да се добијат само во ограничен број на случаи, на пример во случај на потреба од поголема национална безбедност или ако се појави итна потреба поради вонредна состојба.

Фото: Freepik