Бајден: Меѓународното оданочување мора да биде фер

24

Американскиот претседател Џо Бајден вчера во разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен ја истакна важноста од усогласување на меѓународниот даночен систем, соопшти Белата куќа.

Соединетите држави бараат земјите од Г -20 да постигнат политички договор за минимален глобален данок на добивка на самитот подоцна овој месец. Во разговорите со Фон дер Лејен, Бајден, исто така, изрази силна поддршка за продолжување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан, се вели во соопштението.

Лидерите на ЕУ и Балканот ќе се состанат утре на разговори за идното членство на шест балкански земји – Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија. Декларацијата на самитот ќе постави гаранција од Европската унија за идното членство на шесте земји, рекоа двајца европски претставници.

Богатите северни членки на ЕУ стравуваат од повторување на сценаријата за брзо пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година и од лошо управуваната миграција на работниците од Источна Европа во Британија, што доведе многу Британци против Европската унија.