Бајден вети четири милијарди долари за Covax

16

Aмериканскиот претседател, Џо Бајден вети четири милијарди долари како поддршка за Covax програмата за правична поделба на вакцините против коронавирусот меѓу богатите и сиромашните земји.

САД ќе даде придонес од две милијарди долари за глобалниот сојуз за вакцини, Gavi, којшто го координира проектот Covax. Вашингтон ќе ослободи дополнителни две милијарди долари оваа и следната година, од кои првите 500 милиони долари ќе бидат достапни кога ќе се исполнат постоечките донаторски обврски и бидат испорачани потребните дози.

Иницијативата под водство на Обединетиte нации планира во првата половина од годината да испорача 337,2 милиони дози, најмногу во земјите во развој. Тоа е доволно да се вакцинираат и ревакцинираат скоро 169 милиони луѓе или 3% од населението во 145 земји колку што учествуваат во Covax.

Фото: Pexels